Пол Погба повторно е повреден

February 2, 2023
1 min read

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, откри дека напаѓачот Душан Влаховиќ ќе стартува на мечот со Лацио во Купот на Италија, но исто така и дека играчот од средниот ред Пол Погба заработил уште една повреда.

„Ќе го изберам стартниот состав. Покрај Леонардо Бонучи, друг недостапен играч е Погба, кој има мускулен проблем. Влаховиќ сигурно ќе стартува, јас треба да одлучам за останатите стартери. Натпреварот може да трае 120 минути, па замените ќе бидат важни. “, изјави Алегри.

Тренерот на „старата дама“ се пожали дека оваа сезона тимот се мачи со многу повредени фудбалери.

„Многу фудбалери мораа да се справат со долготрајни повреди. Федерико Киеза беше надвор од терените десет месеци, а Пол Погба нема играно од април. Потребно е време за да се врати во форма, како што се случи со Киеза, кој мораше да застане на нозе и да почне одново. На Погба исто така ќе му треба време, никој не може да прави чуда. Неговото тело мора да се прилагоди. Мораме да го искористиме мудро и во вистинско време кога ќе биде фит. А тој сега повторно е повреден“, нагласи Алегри.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сончев ден, од попладне врнежи од снег

Следно

Русите со ракета уништија станбена зграда во источна Украина – загинаа најмалку две лица

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop