Поддршката на пејачката Тејлор Свифт за Харис ја зголеми посетеноста на информациската веб-страница за изборите во САД

September 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Откако американската пејачка Тејлор Свифт ја објави својата поддршка за кандидатката за претседател од редот на демократите, Камала Харис, на претседателските избори во Соединетите Американски Држави што ќе се одржат на 5 ноември, стотици илјади луѓе ја посетија американската веб-страница „vote.gov“, која обезбедува за јавноста официјални информации за изборите, јавува Анадолу.

Според Администрацијата за општи услуги (GSA), набргу откако Свифт ја објавила нејзината поддршка за Харис, веб-страницата vote.gov доживеала значителен број посети.

Според портпаролот на Администрацијата за општи услуги, 337.826 луѓе ја посетиле страницата за информации за гласачите откако Свифт ја објавила својата поддршка во вторникот.

Тејлор Свифт во вторникот на својот инстаграм-профил, по првата дебата во живо меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и Камала Харис, објави дека ќе гласа за Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател Тим ​​Волц.

Укажувајќи на опасностите од вештачката интелигенција, Свифт истакна дека одлучила јавно да ја објави својата поддршка за Харис откако Трамп изјави дека Харис ја добила нејзината поддршка со споделување фотографија од неа генерирана од вештачката интелигенција.

Објавата на Свифт на Инстаграм за поддршка на Харис досега доби над 10 милиони лајкови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратениците ја завршија расправата за измените на Законот за локална самоуправа

Следно

ФОТО: „Топовски“ шут на Кузмановски среде Париз

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop