Почна судењето за „Адитив“ прв пат во судницата во КПУ Идризово

May 29, 2025
1 min read

Започна судењето за случајот „Адитив“ за злоупотреба на јавни набавки и перење пари при набавка на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, а првообвинетиот екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски е во бегство.

Во судницата обвинетите физички лица и застапниците на петте фирми се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Според Обвинителството преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори, биле наместени тендери, со што одредени компании добиле договори и оствариле имотна корист од речиси 400 милиони денари, а дел од нив парите од зделките ги вратиле во оптек и ги прикривале преку трансакции и подигнување готовина. Додека пак, за претседателката на ДКСК, Татјана Димириевска, јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова кажа дека истрагата е во тек и се анализираат голем број електронски податоци. Обвинителството на ставот дека имаат вербални и материјални докази.    

„Обвинителството ќе докаже една институционална и морална распаднатост на системот на управување на АД ЕСМ во време кога обвинетите ги вршеле своите службени должности во тој систем на управување и одлучување. Секако ќе докажеме, во секој еден дел од обвинението дека обвинетите се организирале во злосторничко здружување со цел вршење на кривичните дела.“ – Наташа Поп Трајкова јавна обвинителка.

Во врска со првообвинетиот Ковачевски, обвинителката Поп Трајкова посочи дека нивниот предлог за да му се суди во отсуство е во согласност со законот и врз основа на неколку причини односно големиот број на обвинети лица во овој предмет и големиот број на лица против која е определена најстрогата мерка за обезбедување присуство-притвор. 

„Останува фактот дека против овој обвинет во оваа постапка и во уште една друга постапка која се води во ОЈОГОКК се распишани и национални и меѓународни потерници и по пронаоѓање на истиот се надеваме дека од страна на органите на МВР во соработка со своите странски партнери за истиот ќе биде побарана екстрадиција.“ – Наташа Поп Трајкова јавна обвинителка.

Судскиот процес го води судијката Даниела Димовска, а следното рочиште е закажано за 26 јуни. Судењето се одржа во новата дигитална судница во Идризово кадешто се овозможува поголема безбедност и ефикасност во процесирањето на сложени предмети. Првиот човек на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, порача во иднина судиите почесто да ја користат оваа судница која ги исполнува сите европски услови.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турција успешно тестираше симултан двоен ракетен напад со АГМ-65 Маверик

Следно

Имер Селмани за лидерската трка во ВЛЕН: Изет Меџити ја доби битката со Таравари!

Latest from Blog

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот
Go toTop