ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА: Снабдувањето во првиот месец ќе зависи од временските услови

October 15, 2024
2 mins read

Од денес, 15 октомври, започна грејната сезона 2024/2025 г. за потрошувачите што се приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, управуван од АД ЕСМ.

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од 6 ч до 22 часот, следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури.

-Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот. При тоа, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно со стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При точно дефинирани одредени атмосферски услови кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности по направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности се стартува со испорака на топлинска енергија, т.е. централното греење повторно се вклучува, информираат од ЕСМ.

Од вкупно 62.579 активни потрошувачи што се приклучени на централното греење преку ЕСМ, 61.486 се домаќинства, а 1093 се деловни објекти и институции, додека околу 1980 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

Од ЕСМ потенцираат дека оваа година, првпат споредбено со претходните години бележат најнизок број на затворени објекти на почетокот на грејната сезона. Ова се должи пред сè на соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новите раководства на компаниите основани од АД ЕСМ, особено ЕСМ Дистрибуција, која имаше клучна улога во продуктивната и постојана комуникација со корисниците.

Додека минатата грејна сезона, во 225 објекти не беа обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, оваа година тој број е двојно помал, односно во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака. Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација.

-Ги поттикнуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект е на списокот на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија. Оваа листа е достапна на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

Соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици е од клучно значење за навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија, и во интерес на сите засегнати страни. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Северна Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Следно

Николовски: Секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со „неработење“

Latest from Blog

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба
Go toTop