Николовски: Секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со „неработење“

October 15, 2024
1 min read

Секој заменик директор ќе има своја задача во царинската управа, вака новиот директор Бобан Николовски, ја образложи потребата од дополнителен заменик директор во Царинската управа, одговарајќи на новинарско прашање, притоа не ја образложи потребата но и задачите кои ќе ги има новиот директор.

-Секоја позиција во Царинската управа е толку добро систематизирана и со свои обврски и задачи да верувајте ако дојдете и погледнете сами ќе се сложите и веќе нема да поставуваме вакви прашања. Секое работнои место во Царинската управа ќе биде заслужено со работа, но и секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со неработење, заклучи тој.

Минатиот месец имаше бурни реакции по најавите дека Царинската управа треба добие втор заменик директор со измените на законот предложени од група пратеници од власта, а зад ваквото законско решение стојат пратениците Бобан Карапејовски од ЗНАМ, Павле Арсоски исто така од ЗНАМ, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ иако на сајтот на Собранието фигурира како независен, Даниела Белимова од ЗНАМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Цеков (ЗНАМ) и Жаклина Пешевска (ВМРО-ДПМНЕ)

Видеото е достапно на следниот линк

-Да не сме сметале дека нема потреба не би дошло до овој процес. Верувајте дека и вториот заменик директор ќе биде максимално искористен со должностите што ќе му ги дадам како директор. Тоа ќе бидат поголеми овластувања и фактички ќе го менаџира делот којшто ќе му го дадам како директор. А тие работи ќе се договорат кога самиот заменик директпор ќе биде дел од царинската управа, рече Николовски.

Според него не треба да се дискутира околу тоа какви задачи ќе има новиот заменик директор бидејќи граѓаните само ако слушнеле дека царинската управа има 11 помошници директори ќе се збунеле и немало да разберат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧНА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА: Снабдувањето во првиот месец ќе зависи од временските услови

Следно

МСУ ЈА ИЗЛОЖИ ШПАНСКАТА КОЛЕКЦИЈА ДОНИРАНА ПО СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Latest from Blog

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop