Почина писателот Никола Кочовски

March 13, 2023
1 min read

Почина Никола Кочовски – раскажувач, романсиер, драмски писател и критичар.

Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. По завршената Учителска школа повеќе години работеше како учител и наставник. Паралелно со неговата ангажираност како педагошки работник, студираше и заврши Педагошка академија, а потоа и Филозофски факултет – група Историја на книжевноста. Во тоа време, како што наведува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), веќе се наѕираа резултатите од неговата голема љубов кон светската и домашната литература. Неговите први литературни обиди се одликуваат со акцент на психолошкото.

Покрај непрекинатите бројни пројави во македонската литературна периодика („Разгледи“, „Современост“, „Стремеж“, „Развиток“, „Културен живот“, „Стожер“, „Наше писмо“) и во културните рубрики на речиси сите позначајни весници кај нас, забележителна е неговата библиографија со интегрално издадени дела. Издавачи на тие дела се реномирани македонски издавачки куќи – „Мисла“, „Развиток“, „Мисирков“, „Наша книга“, „Александар и Александар“, „Матица Македонска“, „Култура“. За творештвото на Кочовски пишуваа и мошне пофално се изразија – Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Доне Пановски, Цане Здравковски, Петре Димовски, Југо Павловиќ, Георги Арсовски.

Кочовски повремено се пројавува и со литературно-критичарска активност. Објавува повеќе написи за новопојавени дела на македонски автори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година. Еден е од основачите на Битолскиот книжевен круг. Извесен период беше член на Редакцијата на списанието „Развиток“ и на литературната ревија на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“. Објавени дела: „Малата Билја“ (роман – два тома, 1969, 1970), „Зарезготини“ (раскази, 1970), „Вознемирена совест“ (раскази, 1974), „Бреме“ (роман, 1981), „Дичовица млада невеста“ (драма, 1984), „Родната грутка“ (раскази, 1995), „Без свое јато“ (роман, 1999), „Исконскиот дар“ (роман, 1999), „Омразениот цвет“ (роман, 2000), „Времето на татковците“ (раскази, 2001), „Раско“ (роман, 2002). Кочовски е добитник на награди за раскази на повеќе литературни конкурси, од страна на весниците „Нова Македонија“, „Студентски збор“, „Просветен работник“, списанијата „Белези“ и „Современост“. Романот „Малата Билја“ му е награден на анонимниот конкурс од издавачот „Мисла“. Добитник е на наградата „4 Ноември“ на град Битола, за романот „Бреме“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Папата Франциск одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква

Следно

Стефковски: Продолжува модернизацијата на комуналното претпријатие во Гази Баба

Latest from Blog

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија, кој по гласањето ќе има форма на резолуција, што не е правно обврзувачка. Во Европскиот парламент доцна синоќа беше разгледан извештајот за Србија, поднесен

Облачно со пороен локален дожд и грмежи

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за

Чудотворецот Зомер ја избра најдобрата од трите нестварни одбрани против Барса (ВИДЕО)

Интер постигна четири гола против Барселона на реваншот во Милано и мора да се нагласи дека играчите на домашниот тим беа расположени за полнење на противничката мрежа, но истовремено, избраниците на Симоне

СДСМ: Нови повисоки цени за граѓаните по истекот на мерката „замрзнати маржи“

За новите ценовни шокови со кои се соочуваат граѓаните, социјалдемократите велат дека се по мерка на маркетите и продавниците, се поради погрешната економска политика на Владта предводена од Христијан Мицкоски. Членката на

Бразилецот Жоржињо го напушта Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона, ги договорил личните услови со Фламенго и наскоро се очекува да потпиша договор, кој најверојатно ќе има важност на три години. Жоржињо,
Go toTop