Чудотворецот Зомер ја избра најдобрата од трите нестварни одбрани против Барса (ВИДЕО)

May 7, 2025
1 min read

Интер постигна четири гола против Барселона на реваншот во Милано и мора да се нагласи дека играчите на домашниот тим беа расположени за полнење на противничката мрежа, но истовремено, избраниците на Симоне Инѕаги имаа среќа што меѓу стативите имаа и исклучително инспириран голман.

Јан Зомер сосема заслужено беше избран за играч на натпреварот и доби МВП признание од УЕФА по крајот на епското полуфинале на „Џузепе Меаца“, натпревар на кој имаше низа неверојатни одбрани, од кои три беа навистина нестварни.

Зомер во два наврати ги доби дуелите со Ламин Јамал и успеа да ја стопира младата ѕвезда на Барса, но во второто полувреме, режираше и една вонсериска одбрана по удар на Ерик Гарсија.

Како МВП на второто полуфинале кое го одиграа големите европски ривали, Зомер доби за задача да ја избере најдобрата одбрана, а според него тоа е онаа од 114-та минута кога го спречи ударот на Јамал при водство од 4:3 (прва на видеото).

– Многу сум среќен за победата и пласманот во големото финале. Ова беше одличен натпревар, тимот заврши извонредна работа како целина. Од сите одбрани кои ги имав, најтешка беше онаа последната. Јамал секогаш влегува многу силно и шутира во подалечниот агол. Сите верувавме во ова, од прв до последен. Секогаш верувавме дека можеме да победиме, така беше од првата до последната секунда од натпреварот, – изјави Зомер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Нови повисоки цени за граѓаните по истекот на мерката „замрзнати маржи“

Следно

Облачно со пороен локален дожд и грмежи

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop