Почина Милка Ефтимова, оперска примадона и професорка (1936–2025)

August 13, 2025
1 min read

Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, легенда на македонската оперска сцена и долгогодишна педагошкиња. Имаше 89 години. Веста ја потврди нејзината ученичка, оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова, со која Ефтимова остана во постојан контакт до последните денови.

Родена во Радовиш на 26 февруари 1936 година, Ефтимова средно музичко образование заврши во Штип, а студии на Музичката академија во Љубљана. Професорствуваше на Факултетот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје, воспитувајќи генерации пејачи. На оперската сцена застана во 1961 година во улогата на Азуцена во Вердиевиот „Трубадур“, а јубилејното простување од сцената го имаше со „Кармен“ во 1991 година — нејзина 157-ма изведба на оваа ролја.

Во богатата кариера отпеа четириесет оперски улоги, бројни партии во ораториуми и кантати и настапи повеќе од 1.200 пати на оперски и концертни сцени во дваесетина земји ширум светот. „Таа беше моја професорка осум години и ми ја следеше целата кариера… секогаш знаеше каде настапувам следно“, се сеќава Ѓиновска-Илкова.

Во декември 2023 година Музејот на македонската борба во Скопје приреди изложба од нејзините лични предмети — фустани, фотографии, плакети и награди — чиј автор беше Василија Чали. На настанот настапија Весна Ѓиновска-Илкова, Владимир Саздовски, Ристе Велков и Јаворка Витанова со пијано придружба на Андреј Наунов, а за делото на Ефтимова зборуваше професорот д-р Александар Трајковски. „Добро е, издржав, инаку срцето ќе ми пукнеше од среќа“, рече тогаш примадоната, тивко потпевнувајќи ги ариите што ги прославија.

Последните години ги помина во дом за стари лица во Скопје, каде во февруари оваа година блиските ѝ приредија скромна, но емотивна прослава за 89-от роденден.

Националната опера и балет информира дека посмртните останки ќе бидат изложени в сабота, 16 август, од 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на градските гробишта. Македонија се простува со примадона чиј глас и педагошко наследство оставија длабок траг во нашата музичка култура.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вреди: Османи 20 години без проекти за Чаир, на 19 октомври следи пораз

Следно

МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop