Вреди: Османи 20 години без проекти за Чаир, на 19 октомври следи пораз

August 13, 2025
1 min read

ДУИ и Бујар Османи се во паника, знаат дека во Чаир доаѓа неизбежен пораз и дека граѓаните нема да наседнат на нивните лажни приказни, соопшти коалицијата Вреди.

„Бујар Османи е свесен дека неговиот празен политички кариеризам, без проекти, без резултати, овој пат ќе му зарши. Бујар Османи не е кандидат на Чаир, за Чаир. Во 20 години кариера не направил ниту еден проект за општината, ниту помогнал на кој било жител на Чаир. Секогаш бил тука само кога му требала лична политичка корист“, соопшти Вреди.

Не направил ниту за која било друга албанска општина, се додава во соопштението.

 

„Факти што Чаир ги знае: Османи е осомничен во предметот „Пациент“ и доби амнестија за незаконски набавки. На кого сè уште му е должен за таа амнестија, треба да одговори.

Има неколку негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконски милионски трошења како министер за здравство.

Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ, без никакви документи и покритие.

Заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во Македонија, отворајќи врата за сомнителен капитал“, се вели во соопштението.

Чаир не заслужува кандидат кој 20 години живее од политички функции, а не од работа за граѓаните, се додава во соопштението.

„На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој е тука, кој ги познава проблемите, ги решава и стои до граѓаните, а не политичар кој доаѓа само за да ја надополни својата биографија. Бујар Османи нека одговори зошто додека целиот свој живот беше министер во сите влади, не обезбеди пари и проекит за албанските општини, зошто не помога за ниту една улица, булевар, градинка или училиште во Чаир, зошто не се градеше ништо во западниот дел од државата. Топло му препорачуваме да продолжи со празни политикантски флоскули, без содржина и одговорност. Така ќе се открие неговиот кариеризам во целост“, соопшти Вреди.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Димитриеска Кочоска: Петта транша од 11,3 милиони евра за поддршка на домашниот бизнис

Следно

Почина Милка Ефтимова, оперска примадона и професорка (1936–2025)

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на
Go toTop