Почина Љубиша Љуба Милиќ, истакнат член на групата Седморицата млади

September 2, 2025
1 min read

Познатиот музичар и еден од основачите на легендарната група „Седморицата млади“, Љубиша Љуба Милиќ, почина денес на 86-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Роден на 4 август 1939 година во Крагуевац, Милиќ го завршил средното образование таму, а во 1958 година се преселил во Белград. Таму ги започнал студиите по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

Уште како млад, започнал да го изучува тромбоново, а во Белград две години посетувал музичко училиште „Јосип Славенски“, каде што го усовршил свирењето на тромбон.

Во 1959 година станал еден од иницијаторите за формирање на оркестарот „Седморицата млади“, кој во наредните три децении настапувал без прекин и стекнал голема популарност на југословенската музичка и забавна сцена.

Групата првпат привлекла пошироко внимание на Првиот југословенски џез фестивал на Блед, по што нивната кариера нагло пораснала.

Тие имаат издадено бројни плочи и ТВ-емисии, а настапувале низ цела Европа, па дури и во Соединетите Американски Држави. Во поранешниот СССР настапувале толку често што нивниот вкупен престој изнесува три години. Претставувале и Југословенската радио-телевизија на престижниот ТВ-фестивал во Монтре.

Најголемиот дел од аранжманите за нивните најпознати композиции ги напишал токму Љуба Милиќ.

Оркестарот со текот на годините стекнал статус на истакнати уметници и освоил бројни награди, меѓу кои се Златниот беочуг на град Белград, Југословенска естрадна награда и Плакета на Белград по повод 40-годишнината од ослободувањето на градот. Освен тоа, добиле и многу признанија и благодарници за хуманитарната работа.

„Седморицата млади“ официјално ги завршија своите настапи и престанаа да постојат во 1991 година.

Извор: Danas.rs

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Помошниот тренер кој го плукна Суарез: Мислев дека ќе ме гризне

Следно

Божиновска: Институциите ја градат довербата само со целосна отчетност

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop