Почина Џорџина Бејер, првата трансродова парламентарка во светот

March 6, 2023
1 min read

Поради нејзиното застапување на ЛГБТК-заедницата, кралицата Елизабета ја назначи за член на Новозеландскиот одред за заслуги во 2020 година. Таа е позната по нејзината работа за легализација на граѓанските заедници и геј-браковите и декриминализацијата на проституцијата

Џорџина Бејер од Нов Зеланд, првата отворено трансродова пратеничка во светот и неуморна застапничка за правата на ЛГБТК, почина на 65-годишна возраст. Таа долго време се борела со бубрежна болест, но причината за нејзината смрт не е наведена во соопштението.

Поранешна сексуална работничка, актерка и драг-кралица, Бејер, беше избрана во националниот парламент во 1999 година откако неколку години беше градоначалничка на Картертон, рурален град на Северниот остров во Нов Зеланд. Таа беше пратеник на Лабуристичката партија до 2007 година.

Поради нејзиното застапување на ЛГБТК-заедницата, кралицата Елизабета ја назначи за член на Новозеландскиот одред за заслуги во 2020 година. Таа е позната по нејзината работа за легализација на граѓанските заедници и геј-браковите и декриминализацијата на проституцијата.

Говорејќи во парламентот во 2003 година за прашањето за реформирање на законите за проституција, таа рече:

„Го поддржувам овој предлог-закон поради сите проститутки што ги познавав кои умреа пред да наполнат 20 години поради нечовечноста и лицемерството на општеството кое никогаш не им даде шанса да се извлечат од околностите што ги натераа да влезат во таа индустрија“.

Таа има маорско потекло и повторно се кандидира за пратеник за поранешната партија Мана, но без успех.

По четири години на бубрежна инсуфициенција, што ја принудуваше да оди на дијализа секој ден, на Бејер ѝ беше трансплантиран бубрег во 2017 година.

Таа почина денеска во болница, се наведува во објавата на Фејсбук на нејзиниот пријател Скоти Кенеди.

„Џорџи беше постојано опкружена со најблиските и најмилите изминатава недела прифаќајќи го она што се случува, правејќи шеги и блескајќи во очите до последен момент“,

напиша Кенеди.

Премиерот Крис Хипкинс рече дека Бејер оставила неизбришлива трага во парламентот.

„Сигурно мислам дека Џорџина отвори пат што ќе биде полесен за другите да го следат“,

рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(Фото) Опасност од бандера во Петровец каде што беше прегазена жена

Следно

Спасовски: Ново упатство за постапување по електронските дојави за бомби, интензивно работиме на откривање за сторителите

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop