Почина деветмесечното бебе со туберкулоза кое во тешка состојба беше донесено на Детската клиника

March 5, 2023
1 min read

Почина деветмесечното бебе кое на 24 февруари од Куманово беше донесено во скопската Детска клиника во тешка состојба. По приемот на клиниката, каде беше префрлено од болницата Козле, каде беше приклучено на механичка вентилација. Бебето беше примено со белодробна слабост, по што се утврди дека ја има заразната болест туберкулоза.

Според пишувањата на одредени медиуми, мајката на бебето минатата година неколку месеци се лекувала од туберкулоза на Институтот за белодробни заболувања, но потоа воопшто не дошла на контрола ниту, пак, побарала помош за своето болно дете. Откако се откри дека бебето боледува од туберкулоза, неговата мајка повторно беше хоспитализирана во Институтот, а нејзините три други малолетни деца беа повикани во болницата Козле за да им се направат епидемиолошки испитувања за да се утврди дали и тие имаат туберкулоза.

Потоа, од Институтот во Козле информираа дека според првичните тестирања и останатите 4-ца членови на семејството се инфицирани од туберкулоза, но тоа не значи дека се болни зашто се во добра здравствена состојба .

„Овој позитивен тест не значи дека се болни, значи дека се инфицирани, а понатаму од останатите анализи зависи дали овие деца ќе бидат ставени на заштитна терапија за да не развие активна болест или ќе ги лекуваме како болест на тубрколоза“,

изјави раководителката на Одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле, д-р Катерина Бошковска.

Здравствените власти изразија чудење зошто бебето не било внесено во здравствениот систем, зошто немало податоци каде и како се лекувало и зошто семејството воопшто не било евидентирано како социјален случај. Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева Фуштиќ, во изјава за медиумите пред неколку дена кажа дека нема потреба од паника за зараза бидејќи сега веќе починатото бебе, веднаш по приемот било изолирано и за него се грижел посебен медицински персонал.

Туберкулозата е заразна болест која ако не се лекува, секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Таа се нарекува и болест на сиромашните и најчесто се заразуваат млади лица во продуктивниот период на животот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Албанија ден на национална жалост за жртвите од несреќата во Грција, меѓу нив има четворица Албанци

Следно

Димовски: Дојавувачите на бомби стануваат дрски бидејќи не можеме да ги откриемe

Latest from Blog

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух – идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР.

Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот
Go toTop