По успехот на „Злобница 2“ на киноблагајните, најавени нови продолженија

November 26, 2025
1 min read

По почетниот извонреден успех на „Злобница 2“ (Wicked: For Good’s), продукциската куќа „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures), се чини, е подготвена за повеќе приказни од „Земјата на Оз“. Имено, Мајкл Мозес – маркетинг-директор на студиото, изјави за „Валчр“ (Vulture) дека „нештата се во тек“, прашан за продолжување на серијалот филмови.

– Поради успехот на „Злобница“, но и обожавателите, имаме јасна одговорност да откриеме како можеме да продолжиме во овој универзум… Дали веќе сме сфатиле како тоа? Не. Но, има некои работи што се во тек, рече Мозес.

И претходно, Стивен Шварц, кој ги напиша и компонираше сите песни од „Злобница“ за мјузиклот во два дела, изјави за „Енклер“ (The Ankler) дека веќе има идеја за нов проект со светот од „Злобница“.

– Мислам дека приказната за Глинда и Елфаба се чини комплетна – но, постојат и други аспекти што би можеле да се истражат, рече Шварц.

Филмовите „Злобница“ се засновани на романот на Грегори Мегваер од 1995 година – „Злобница: Животот и времето на злобната вештерка од Западот“. Според Шварц, Магваер напишал осум продолженија на романите, така што не недостасува материјал од којшто може да се извлече нов филм. Најновиот роман на Мегваер беше објавен оваа година, како приказна за раната младост на Елфаба, со наслов „Елфи: Злобно детство“. Следи и приказна за Глинда, под наслов „Глинда: Волшебно детство“, најавена за во 2026 година.

„Злобница 2“ постави нов рекорд за филмска адаптација на бродвејски мјузикл – со 147 милиони долари на американските киноблагајни и 223 милиони долари низ целиот свет во првиот викенд од киноприкажувањата. Тоа значи, за разлика од првиот дел, вториот филм, речиси сигурно ќе ја надмине границата од милијарда долари заработка. Студиото потроши околу 550 милиони долари за продукција и пласман на двата филма. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Лав Четиринаесетти во посета на Турција и Либан

Следно

Коњановски: Секоe дете заслужува модерен и безбеден простор

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop