По пучот во Габон, Камерун и Руанда спроведуваат промени во воените редови

August 31, 2023
1 min read

ДАКАР (АА) – По воениот пуч и преземањето на власта во Габон, Камерун и Руанда спроведоа нови именувања во своите национални војски, јавува Анадолу.

Најстариот лидер во светот, 90-годишниот претседател на Камерун, Пол Бија, кој на оваа функција е 41 година, изврши нови именувања во Министерството за одбрана и во воениот персонал.

И претседателот на Руанда, Пол Кагаме, пензионираше голем број високорангирани лица во војската.

Наводно, двајцата лидери, кои се на власт многу години, се обиделе да преземат мерки со цел да спречат слична ситуација во своите земји по пучот во Габон.

Група високорангирани офицери на габонската војска се појавија на националната телевизија вчера рано наутро и објавија дека ја презеле власта во оваа централноафриканска земја.

Потегот следуваше веднаш откако изборниот центар на Габон потврди дека актуелниот претседател Али Бонго и официјално го освоил својот трет претседателски мандат, победувајќи на изборите одржани на 26 август со 64,27% гласови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Едвај еден од 10 жители на земјава кажал дека вработувањето на државно по „Балансер“ е добра работа

Следно

Украина ја продолжува евакуацијата на цивилите од Купјанск

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop