По подолг застој, продолжија работите на булеварот „Благоја Тоска“

February 19, 2024
1 min read

По подолг застој, продолжија работите на булеварот „Благоја Тоска“ кај градската касарна. Градоначалникот на Тетово Билал Касами, рече дека пречките се надминати и се очекува проектот да биде завршен во рок од 3 месеци.

„Денес сме тука да го видиме отпочнувањето и континуирано да ја следиме работата на овој проект, кој треба да биде завршен во рок од не повеќе од три месеци. Станува збор за сегмент во должина од 400 метри“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Касами рече дека булеварот во овој дел ќе биде завршен до крај, бидејќи е постигнат договор со жителите за експропријација на имотите.

„Булеварот ќе биде завршен до крај како што е предвидено со урбанистичкиот план и проектот што го реализираме. Разговаравме со жителите и во договор со жителите сите спорови се решени, и веруваме дека во соработка со граѓаните ќе се реши целиот проект кој ќе чини некаде околу 200.000 евра“, додаде Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Инаку, изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се одолговлекува повеќе од две децении, а се ветува во речиси секој изборен циклус./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕ СИ ОТИДЕ САМО САЊА КУЖЕТ: Новата емисија „Ѕвездите на гранд“ започна да се снима без Цеца и Бекута, Саша Поповиќ повеќе не може да молчи пред јавноста!

Следно

Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop