По нешто повеќе од три години, Германија ги укина мерките против Ковид-19

April 8, 2023
1 min read

Од денеска во Германија престануваат да важат заштитните мерки против Ковид-19, но стојат апелите дека коронавирусот е сè уште присутен и претставува ризик по здравјето. Со оваа одлука, од денеска престануваат да важат задолжителните обврски како носење на маска во здравствените установи и носењето маска на посетителите во старечките домови. Од сега, овие институции сами ќе можат да одлучуваат за правилата за носење на маска.

„Мерките се укинати, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен и понатаму остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“,

изјави портпаролот за здравствена политика, Јанош Дахмен.

Од денеска прекинуваат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус, а правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем.

Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на заразени со коронавирусот. Според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија во четвртокот се регистрирани 3.136 нови случаи на зараза, во споредба со претходниот ден. И покрај ова, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скариоло главен претендент за тренерската позиција на Реал Мадрид

Следно

ВМФЛ: Вардар изненаден во Врапчиште, Воска е нов лидер

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop