По дојавите за бомби нема ни онлајн настава: Наставници добиле известување за проблем со лиценците за „Тимс“, од МОН демантираат

March 1, 2023
3 mins read

Како што „360 степени“ доби информации од повеќе основни и средни училишта во Скопје, учениците се обидувале да се поврзат на апликацијата „Тимс“ за да следат онлајн настава, но безуспешно. Учениците не можеле да пристапат до своите кориснички сметки, добивале пораки дека лозинките им се невалидни и од нив се барало да формираат нова сметка и да испратат допис до МОН

Директори и наставници од неколку училишта со кои контактиравме нè информираа дека администраторите од МОН им испратиле порака дека има проблем со лиценците за „Тимс“, иако официјален допис од МОН не добиле. Од МОН во изјава за „360 степени“ велат дека апликацијата „Тимс“ функционира

Вистински хаос се случуваше утринава во училиштата во кои имаше дојави за бомби. Иако минатата недела добија препорака од Министерството за образование (МОН) во деновите кога ќе добијат порака за поставена бомба училиштата да организираат онлајн настава, односно учење на далечина, тоа денеска не беше можно.

Како што „360 степени“ доби информации од повеќе основни и средни училишта во Скопје, учениците испратени дома (по дојавите за бомби) се обидувале да се поврзат на апликацијата „Тимс“ за онлајн да следат настава, но безуспешно. Тие не можеле да пристапат до своите кориснички сметки, добивале пораки дека лозинките им се невалидни и од нив се барало да креираат нова корисничка сметка и да испратат допис до МОН.

Директори и наставници од неколку училишта со кои контактиравме нè информираа дека администраторите од МОН им испратиле порака дека има проблем со лиценците за „Тимс“, иако официјален допис од МОН не добиле.

„Колеги, има некаков проблем со лиценците на ‘Мајкрософт тимс’. Се обидуваме да го решиме проблемот, доколку имате дојави за бомби, а ‘Тимс’ не работи, може да креирате часови на ‘Зум’. ‘Тимс’ ќе биде во функција за еден или два дена“,

пишува во пораката испратена до училиштата од администраторите во МОН.

Директорка на едно основно училиште, пак, во изјава за „360 степени“ посочи дека од МОН им кажале оти имаат проблеми со системот.

„Бидејќи многу училишта во Аеродром добија дојави за бомби, од МОН ни рекоа дека ќе го пуштеле системот во Аеродром. Но, кога учениците сите одеднаш се обиделе да се поврзат на ‘Тимс’, го блокирале системот“,

вели директорката на едно основно училиште во Аеродром.

Наставниците револтирани коментираат дека хаосот што се случува со дојавите за бомби е сериозен.

„Никој не размислува дека ние работиме со деца. Ни велат, ако имате дојави за бомби, продолжете со онлајн настава на ‘Тимс’, а лиценците не ги обновиле. Ова е крајно несериозно од страна на МОН. Децата изгубија доволно часови и наставна материја“,

ни изјави една наставничка.

Дел од директорите со кои контактиравме нè информираа и дека од МОН не добиле официјален допис со потпис и печат училиштата да се префрлат на онлајн настава доколку добијат дојави за бомби.

„Официјален допис потпишан од министер со печат и потпис не сме добиле за таква препорака, туку добивме имејл-порака од вработени во Министерството. Ако, не дај Боже, нешто се случи, тогаш од МОН ќе можат да се оградат“,

вели една директорка на основно училиште.

Од МОН во изјава за „360 степени“ велат дека апликацијата „Тимс“ функционира.

„Апликацијата ‘Тимс’ функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде што учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на ‘Тимс’, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки“,

се наведува во изјавата од МОН.

Оттаму велат дека тие немаат такви администратори ниту пак дека некој од МОН им испратил некаква порака на наставниците за проблем со лиценците.

„Тоа се администратори на самите училишта и некој погрешно ги известил дека има наводно проблем со лиценците, а потоа таа порака се раширила. Тоа не е точно“,

децидни се од МОН.

Министерството за образование и наука пред една недела препорача, за да не се губат часови, доколку во училиштата има дојава за поставена бомба, учениците за еден час да се вратат во своите домови и да се приклучат онлајн за да ја следат наставата. Биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Дојави за наводно поставени експлозивни направи утрово пристигнаа на електронските адреси на 31 училиште во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полициските службеници веднаш по добиените пријави излегле на терен и во тек се антитерористички проверки.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кога закачаш Кинез, ќе ти го каже

Следно

Иран протера двајца германски дипломати

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop