По 40 ученици во едно одделение – ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово бара отворање на нови паралелки

November 8, 2023
1 min read

реклама


Во ОУ „Кирил и Методи“ во Тетово паралелките од прво до трето одделение имаат по над 30 ученици. Има дури и паралелки со 35 до 40 ученици. Директорот на училиштето вели дека Министерството за образование треба посериозно да се позанимава со ова прашање бидејќи големиот број ученици ја прави наставата неквалитетна и е надвор од законските норми.

„Ова е нож со две острици, основното образование треба да се сфати посериозно бидејќи младите бегаат и не можеме никого да обвиниме, никого, можеби се виновни, можеби не се виновни, но Министерството за образование со поголема сериозност треба пристапи кон оваа работа и правилно да се поделат паралелките, бидејќи секоја држава има финансии, но тие мора да се распределат на вистински начин“, вели Сихана Каба Касами.

реклама

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е известен за овој проблем и вели дека првично општината треба да донесе наставници од селата каде паралелките се кон згаснување.

„Тие наставници да се префрлаат од периферните училиште во училиштата во градот, во конкретниот случај не се работи за индивидуално или политичко одбивање, никако, затоа што секоја паралелка треба да биде според законските критериуми. Во конкретниот случај, ако училиштето има, на пример, првите одделенија се со 28 деца, тие наставници можат да се преместат од едно училиште, во друго училиште и во тек на време тоа ќе го разгледаме како барање и ќе го разгледаме со Министерството за финансии, но анализата да биде заедничка и од општината и од Министерството за образование“, вели Јетон Шаќири.

реклама

За ова прашање е известен и образовниот сектор во Тетово, а училиштето очекува нивното барање да биде одобрено од Министерството за финансии.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Регистриран земјотрес во Македонија

Следно

„Чуварите на формулата“ од 13 ноември во Кино Манаки во Битола

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи
Go toTop