Скандал во Англија: Агент на играч на Тотенхем му се заканувал со пиштол!

November 5, 2025
1 min read

Тотенхем го поддржува својот играч Дестини Удоги на кого му се заканувале со пиштол. Британската полиција уапси 31-годишен маж во врска со инцидент што се случил на 6 септември.

Би-Би-Си неодамна објави дека уапсениот фудбалски агент кој му се закани на неименуван играч со пиштол е од Премиер-лигата, а Тотенхем даде изјава по синоќешниот натпревар против Копенхаген (4-0) во Лигата на шампионите.

„Ние го поддржуваме Дестини и неговото семејство и ќе продолжиме да го правиме тоа. Со оглед на тоа што ова е правно прашање, не можеме да коментираме понатаму“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.

Полицијата соопшти дека го уапсила мажот два дена по инцидентот со Удоги.

„Нема повредени во ниту еден од инцидентите. Еден маж е уапсен под сомнение за поседување огнено оружје со намера, уцена и возење без дозвола. Тој е ослободен со кауција во исчекување на истрагата“, соопшти полицијата.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со возило се забил во луѓе во Франција, има повредени

Следно

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Latest from Blog

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска: Кирил и Методиј се темел на писменоста, културата и духовниот идентитет

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Во својата порака, таа истакна дека овој датум
Go toTop