ПО 3 ГОДИНИ: Германија прогласи крај на корона епидемијата

April 7, 2023
1 min read

Во Германија на полноќ измина условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против коронавирусот, а германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ја прогласи епидемијата за завршена.

Тој оцени дека Германија успешно ја надминала епидемијата, но истакна дека не е јасно како ќе продолжи финансирањето на вакцините по истекот на Регулативата за вакцинација против коронавирусот.

Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнецајтунг“.

До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска ФФП2, а истото важи и за пациентите и посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа. Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште можат да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа.

Шефот на Националната асоцијација на лекари за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен истакна дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена институција посебно.

Директорот на германското здружение на болници, Џералд Гас нагласи дека болниците се навикнати да „утврдуваат хигиенски мерки за заштита на своите пациенти, дури и независно од короната“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кисела Вода е прва општина која воведе бесплатна помош при врсничко насилство

Следно

Изложбата „5 години Џез Фестивал во Битола“ викендов во КИЦ-Битола

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop