Писмо на разочара скопјанец: „Ноќен живот за фотки“ или „Ла Фајет од Али Експрес“

January 15, 2023
1 min read

Прскалки и конфети во разни бои, баш шарени и смешни како градов. Сите со телефоните во раце, фотографиираат нешто без врска, а речиси никој не забележува која песна оди во позадина. Нема ни што да забележиш, затоа што ЦД-то е истото од минатиот четврток и петок и од предминатиот и од лани. Барем јас таков впечаток имам, затоа што секоја недела на инстаграм истите песни ги слушам. Вака почнува е-маил комуникацијата која скопјанец ја испрати до редакцијата на Скопје Инфо. Вели дека е разочаран од фактот што викендите во Скопје повеќе не се место за излегување и забава, туку за фотографирање и објавување на социјалните мрежи.

Колку и да изгледа модерно и убаво, тоа што се случува во некој од локалите во Скопје за време на викенд е бледа копија на клубовите од соседството. Прскалките во раце и конфетите во боја многу потсетуваат на еден клуб од соседството кој прилично е популарен во последните две – три години. Па, да бидам искрен, доколку објавиш фотка, не си нешто модерен и креативен, туку веројатно само депримиран и разочаран затоа што некој друг го прави тоа, на некое друго место кое е многу подобро од копиите кои личат на „Али Експрес“

Ноќниот живот во Скопје се сведува на 2-3 ноќни локали, неколку кафеани и кажете ако грешам, но мислам дека периодов нема ноќен клуб кој работи после 12 часот. Или пак можеби има, ама бројат на една рака и во нив собира многу малку луѓе. Станавме град во кој треба да дојде некој од најнискобуџетните пејачи за да направи гужва и да биде настан кој ќе се раскажува цела недела. 

– Во 2023 година, уште Даниела Мартиновиќ е најголем хит во градот. Скопје, за жал го сведовме на град кој повеќе личи на провинцијалска населба, каде доминираат дијалекти кој за тешко ги разбирам, а многу често со нив се служат и некои од „битните“ менаџери вели тој и во е-маил комуникацијата додава дека е разочаран што живее во скап град, но без никаква содржина и понуда. 

– Патиме да бидеме видени, да се сликаме и да споделуваме на фејсбук и инстаграм. За жал цените на пијачките во локалите се слични со оние во Белград и Софија. Но, понудата на добри локали, кафулиња и ресторани во Белград и Софија е многу поголема во споредба со Скопје. И таа понуда веројатно е причината за содржината и изборот кој тие го имаат. Се што прават има смисол, изгледа убаво, не е копија и е сосема креативно, вели тој. 

На крајот прашува има ли надеж за ова мало парче од град кое се стреми барем да стане идна метропола со содржини, клубови, барови во кои ќе ти биде мерак да ги поминеш викендите. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачки: Ахмети греши кога мисли дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада, власта ја зема и дава единствено народот

Следно

Страшна снимка од моментот на падот на авионот во Непал, најмалку 40 загинати (ВИДЕО)

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop