Ковачки: Ахмети греши кога мисли дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада, власта ја зема и дава единствено народот

January 15, 2023
1 min read

Али Ахмети вчера вели ВМРО да не сонува за создавање мнозинство со Левица. Но, Ахмети треба да знае 3 работи:

1. За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот.

2. Правилото на коалицирање на победник со победник не важи и никаде не е запишано, па стравот на ДУИ од ортачките криминали со СДС затоа им е се поголем.

3. Добро е што со ваквите изјави си ги откриваат спотерите и асовите во политиката, но ВМРО оваа влада ќе ја сруши заедно со народот.

Ортачкиот криминал, значи и ортачка одговорност, веднаш по падот на оваа најкриминална влада.

А што се однесува до мантрата дека Ахмети ќе создавал сојуз за Европа, на сите им е јасно дека е создаден сојузот за Европа.

Оваа влада на ДУИ (во која Ковачевски е статист), е најодговорна за секојдневните масовни иселувања од Македонија токму во Европа.

Нашите идни генерации Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи итн. ќе бидат жители и ќе имаат европска иднина во некоја од европските држави благодарејќи на “успешните” ЕВРОПСКИ политики на ДУИ и СДС.

Поради тие европски политики на Ахмети и неговиот слуга Ковачевски:

– само 13% од граѓаните на Македонија сметаат дека државата ни се движи во правилна насока (историски најниско ниво),

– рекордни 53% од граѓаните сметаат дека квалитетот на живот им назадувал (историски највисоко ниво),

– довербата во правосудството е само 3%, односно 4%, (историски најниско ниво), што значи дека граѓаните не веруваат дека живеат во правна и праведна држава,

– имаме катастрофална економија (ПОСЛЕДНИ сме по раст),

– втори сме по МИЗЕРИЈА во Европа.

Подобра инспирација од овие бројки за да нашите граѓани се иселат во Европа нема. Ахмети и Ковачевски секоја година се во трка со бројките, кои поради овие ЕВРОПСКИ политики се поразителни за македонската држава и нејзините граѓани.

Интегрален текст од Фејсбук статусот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Патнички авион се урна во Непал, најмалку 40 загинати

Следно

Писмо на разочара скопјанец: „Ноќен живот за фотки“ или „Ла Фајет од Али Експрес“

Latest from Blog

Не доби Нобелова, но пранкерите го прогласија Заев за „херој на нивните шеги“ и најступиден политичар

Можеби не успеја да добие Нобелова награда, но признанијата за поранешниот македонски премиер, екс претседател на СДСМ и сива еминенција во сегашната гарнитура не престануваат. Дојде уште едно признание за Зоран Заев,

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата

Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот

Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар, откако вчера паднале од зграда во Општина Кисела Вода. Како што соопштија од МВР, вчера во 19:40 часот во СВР
Go toTop