Пијано дуото „Променада“ ќе одржи концерт во македонската филхармонија

May 9, 2025
1 min read

Во понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ со пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M. Тајчевич/Б. Светиев и Равел.

Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Битолско културно лето“ „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди, меѓу кои и Прва награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах“ и Специјална награда „Стефан Трајанов“, на истиот натпревар. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при ФМУ. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 заедно со саксофонистот Боби Коминовски, снимија и цеде. Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти. Од 2000 е вработена во Државното музичко училиште во Битола како професорка по пијано.

Пијанистката Татјана Божиновска е родена во 1980 година во Битола. Во 2002 дипломира, а во 2005 магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 ги завршува и докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција… Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Има настапувано на повеќе значајни манифестации како: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Битолско културно лето“, „Штипско лето“, „Прилепско лето“, „Пролетни вечери“, „Есенски музички свечености“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Ден на културата во Битола“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Член е на триото „Интерарт“ со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три цедеа. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Генерација Z и пазарот на трудот: Како младите ја гледаат својата иднина?

Следно

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Latest from Blog

Овие 10 професии се најстресни: Ако сте во една од нив, можно е да има последици и по вашето здравје!

Пандемијата и појавата на работа од далечина и флексибилни работни места – проследено со „враќањето во канцеларија“ – исто така го променија начинот на кој го доживуваме стресот на работа и во

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија. Извор: vecer.mk

Фатих Терим ќе биде селектор на Чешка

Искусниот турски стратег, Фатих Терим е најсериозниот кандидат да ја води репрезентацијата на Чешка. Некогашниот селектор на Турција, и легенда на фудбалот во оваа земј,а последно беше на кормилото на тимот на

Кои два хороскопски знаци се „најинтелигентни“?

Астролозите забележуваат дека, и покрај бројните фактори што влијаат на интелигенцијата, два хороскопски знака редовно ги издвојуваат најпаметните умови. Девица и Водолија гордо ја носат титулата оние чии претставници често освојуваат научни,

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се „издига на клоци“. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало
Go toTop