Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

March 17, 2026
1 min read

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа.

Како што соопшти денеска прес-службата на Царината, по спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесена е кривична пријава против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и овластување, како и несовесно работење во службата.

– Во случајот, увозникот, сега првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, сега второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки изготвил фалфисикувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано, информира Царината.

Од таму потенцираат дека царинските службеници опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и се отпуштени од работа минатата година. По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 на име на основен долг и 600 илјади денари на име на камати.

Царинската управа потсетува дека започна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година и половина Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари.

– Царинската управа ќе продолжи со преземање опсежни истражни дејствија, со цел сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција. Ова претставува основа за јакнење на довербата во институционалниот систем, како клучен предуслов за развој на одржливо општество, се вели во соопштението.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

Следно

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop