Петти протест во Белград поради сомнежите на опозицијата за кражба на изборите во Србија

December 22, 2023
1 min read

Организаторите на протестот побараа отворање на избирачките списоци и најавија поголем протест и блокади на улиците доколку тоа не се направи до понеделник

Протестите на кои повикува српската опозиција следат по парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија на 17 декември на кои владејачката Српска напредна партија (СНС) прогласи победа на сите нивоа. Опозиционерите, пак, обвинуваат за изборни кражби, особено на изборите во Белград и бараат нивно поништување

Пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград вечерва се одржува петтиот по ред протест поради наводите за изборна кражба на изборите во Србија. Протестите се иницирани од српската опозициска коалиција „Србија против насилството“ која не ги признава резултатите од изборите и бара нивно поништување.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Да живее изборната кражба“, „Да живеат изборните мигранти“ се дел од транспарентите кои ги носат граѓаните.

Организаторите на протестот побараа отворање на избирачките списоци и најавија поголем протест и блокади на улиците доколку тоа не се направи до понеделник.

Еден од лидерите на опозицијата, Мирослав Алексиќ, обвини дека вчера Министерството за државна управа и локална самоуправа добило наредба да ги „прочисти“ избирачките списоци по итна постапка. Оцени дека откако невладиниот Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) објави извештај за изборни нерегуларности, обвинителството требало да реагира и да почне со апсење.

„Речиси секој ден дознаваме нови нерегуларности и изборни кражби. Нашите претставници во ГИК и РИК, ЦРТА ѝ презентираа на јавноста во Србија нешто што имплицираше дека Обвинителството треба да започне со апсења. Ги повикувам сите институции да ги земат тие документи и да истражат што се случува“,

рече Алексиќ.

„Поднесовме барања за откажување на изборите, но доколку не ги откажат и игнорираат сите барања, ќе се видиме на протестот во недела, каде ќе ги повикаме сите граѓани“,

додаде тој.

Протестите на кои повикува српската опозиција следат по парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија на 17 декември на кои владејачката Српска напредна партија (СНС) прогласи победа на сите нивоа. Опозиционерите, пак, обвинуваат за изборни кражби, особено на изборите во Белград.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР објави дека изборите во Србија биле обележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот на државата Александар Вучиќ и покрај тоа што тој не бил кандидат на изборите, негативна кампања…

Дел од пратениците во Европскиот парламент повикаа на независна истрага за сите пријавени нерегуларности на изборите во Србија, истакнувајќи дека извештаите и наводите за изборни измами се сериозно загрижувачки.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Просечната плата ја покачивме до 39.000 денари, со СДСМ има повеќе за сите работници

Следно

Шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко ќе работат и утре

Latest from Blog

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност
Go toTop