Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

February 13, 2026
1 min read

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело, истакна на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг.

Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.

Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.

Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?

Каде има чад, има и оган. Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев.

Го повикуваме ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога, рече Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вандализиран автомобил во Скопје

Следно

Во руски напади врз Украина убиени најмалку седум лица, прекинато снабдувањето со енергија

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop