Петрушевски: СДСМ знае само да мести тендери и да ја продава државата, затоа сега бега од темата Груби

March 1, 2026
1 min read

Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава, и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

“СДС – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни.

Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале.

Оттука, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни за театар, циркузи, а бегаат од суштината на приказната борба со корупцијата.

Но, вистината е една“, додаде во изјавата Петрушевски.

Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна, нотира Петрушевски.

„А, СДС – безрбетна како сака нека нарекува и што сака нека збори. За нив од досегашната пракса може да се извлече еден заклучок, а тоа е дека „она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив самите“.

За ВМРО-ДПМНЕ, за што говорат и секојдневните активности, клучна е борбата со корупцијата и криминалот и поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“, изјави Бране Петрушевски во денешната прес конференција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнов

Следно

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, во она што би бил прв ирански ракетен напад врз Европа

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop