Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна

September 30, 2023
1 min read

реклама

Соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на средбата со бугарскиот колега Тодор Тагарев, во пресрет на средбата во Ново Село со македонскиот контингент во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија.

Како што информираа од Министерството за одбрана, министерката Петровска разговараше со министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев по што истакна дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна и дека е на ниво кое доликува на две сојузнички земји во НАТО.

реклама

  • Денеска со мојот колега Тагарев заедно ќе ги посетиме нашите мултинационални сили што се стационирани овде во Бугарија и се дел од зајакнатото присуство на НАТО Алијансата на целата своја територија. Мене ми е задоволство што и минатата година имав можност за прв пат да ја посетам и официјално Бугарија меѓутоа и сега при оваа моја посета ќе констатирам дека соработката во одбраната помеѓу двете земји е исклучително значајна и се одвива онака како што им доликува на две земји кои што се членки на НАТО алијансата, рече Петровска.

Додаде дека тема на разговорот ќе бидат начините како дополнително да се развие соработката, при што порача дека „таа како и досега и во иднина ќе преставува позитивен пример за тоа како да се развиваат односите помеѓу нашите две држави“.

Министерот Тагарев порача дека односите во одбраната помеѓу двете земји се многу добри и дека високо го цени придонесот на Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија. Додаде дека односите во одбраната се на високо ниво и дека ќе работи на нивен развој и во иднина.

реклама

Учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на НАТО силите во Бугарија е врз основа на одлуките на Владата на Република Северна Македонија. Нашиот придонес во силите во Бугарија започна во ноември 2022 со испраќање на еден вод и еден штабен офицер каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1 000 припадници од сојузниците Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азербејџанскиот претседател Алиев: Азербејџан сака мир на Кавказот

Следно

Унгарија е строго против новиот пакт на ЕУ за миграциите

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop