Петровска со претставка до антидискриминациска: Министерката ме дискриминираше по основ на брачен и семеен статус

March 4, 2025
1 min read

Дискриминација по по основ на брачен и семеен статус, обид за ограничување на слободата на говор и непочитување на уставмата положба на Собранието преку негов пратеник – за ова пратеничката Славјанка Петровска бара комисијата за дискриминација да утврди  дека во одговорот на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска изврши додкриминација кон неа.

Во претставката до која дојде ТВ 24, Петровска ги цитира и нејзиното прашање но и одговорот на министерката. А и понатамошните изјави на Димитриевска Кочовска.

„Таа изврши дискриминација и се обиде да го ограничи моето право на говор, сметајќи ме за неподобна да поставувам прашања кои се однесуваат на животниот стандард на повеќечлено семејство и мајките со деца, само затоа што јас не сум мајка, немам деца и живеам сама. Со овие зборови таа изврши навреда и дискриминација и врз илјадници жени во нашата држава кои од свои лични причини немаат децца или одлучиле да немаат деца, но тоа не значи дека тие немаат право да зборуваат за животниот стандард, грижата за деца, нивно воспитување, нивното здравје и.т.н. Оваа нејзина изјава предизвика лавина на негативни коментари и осуда, како и барање таа да се извини за овој дискриминаторски однос кон пратеничката и кон граѓаните. Но, наместо покајување и извинување, министерката изјави: „За мене темата е затворена“ и „ таа самата го знае тоа, но, вака ѝ чини сега да изигрува жртва, стои во претставката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илина и Ева освоија злато и сребро: Македонските девојчиња продолжуваат со успех во Германија (ВИДЕО)

Следно

Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop