Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

March 4, 2025
2 mins read

Кога зборувам за македонската европска сага сакам да ја пренесам фрустрацијата што ја чувствуваат сите граѓани и сето она кое граѓаните мораат да го направат во името на таа иднина, а за возврат да добијат речиси ништо, бидејќи се наоѓаат онаму каде што бевме пред 20 години, дури и пред некои од земјите-членки кои сега веќе се во рамките на европското семејство или тие кои некои денеска ги нарекува фронтранери, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за патот на земјава кон ЕУ, на заедничката прес-конференција со неговиот унрагски колега Виктор Орбан од Будимпешта.

Мицкоски рече дека како држава направивме многу, нешто, како што кажа, коешто значеше на штета на македонскиот идентитет, но мора да станеме оптимисти и да се бориме и во иднина.

-Мора да ја реализираме таа наша цел иако сме свесни дека тука има и малку домашна вина, бидејќи нашите домашни корумпирани политичари мислејќи дека Брисел ќе им ја заборави корупцијата и криминалот и уништувањето на државата со тоа што ќе потпишуваат и ќе прифаќаат се што ќе им биде ставено на маса, влегуваа во таков занес и ја влошуваа преговарачката позиција од месец во месец, од година во година. Оваа влада нема да прави компромиси со таков тип прашања, нагласи Мицкоски.

Додаде дека тие како Влада ќе ги почитуваат своите преземени обврски, но исто така, кажа, бараме и другите кои имаат преземено обврски, без разлика на нивната големина, без разлика дали се дел од ЕУ или не се, да ги почитуваат своите преземени обврски.

-Само така можеме да одиме напред и само така можеме да бидеме вистински пријатели, кога двете страни ќе се почитуваат. Кога едната страна почитува, а другата не, тоа не е пријателство, додаде Мицкоски.

Тој и во обраќањето на прес-конференцијата се осврна на евроинтеграциите, посочувајќи дека тоа била една од темите со кои разговарале со Орбан.

-Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, тука не треба да има никој дилема. Но, исто така мораме да потенцираме тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која што беше пред 20 години е навистина бесценето, односно цената е толку голема што не може да се утврди. Бидејќи пред се зборуваме за билатерализација на процесот на преговори, а не европеизација на процесот на преговори, рече Мицкоски.

Тој изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

-Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен, со голема поддршка од нашата пријателска Унгарија и дека ние како држава ќе почнеме да преговараме, а јас сум убеден дека многу скоро доколку имаме можност да ги започнеме тие преговори на основа на вистински Копенхашките критериуми да ги завршиме успешно и да бидеме дел од ЕУ, истакна премиерот.

Орбан, во одговор на новинарско прашање, рече дека ова што се прави кон Северна Македонија од страна на ЕУ не е фер и е срамно.

-Јас како патрнер којшто долго време има преговарано со ЕУ, сметам дека е срамно тоа што го прави ЕУ тука. Како што кажа вашиот премиер, преговорите со ЕУ се сега билатерализирани, наместо Унијата да помогне со решавањето на овие конфликти, најголемиот морален долг на ЕУ сега постои кон Северна Македонија. Она што можеме да го направиме како држава членка на ЕУ е што потесно да соработуваме со Македонија, во економијата, во трговијата, во културата, во полициската соработка, ова не е замена за интеграцијата, но може да се смета за утешна награда на овој начин да им обезбедиме можност за изградба на заеднички регион со Србија и Македонија, рече Орбан.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Петровска со претставка до антидискриминациска: Министерката ме дискриминираше по основ на брачен и семеен статус

Следно

Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба, фалсификување исправа и спречување на докажување

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop