Петровска: Северна Македонија направи скок од земја корисник на помош, во земја која дава помош на други земји

November 25, 2023
1 min read

реклама


Република Северна Македонија освен што е дел од колективниот систем на безбедност, во регионот сме присутни и преку учество во мисиите, на Косово преку мисијата на НАТО Алијансата КФОР, а во БиХ – мисијата на Европската Унија, и веќе подолг временски период со наши припадници учествуваме во двете мисии, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во интервју за Гласот на Америка, Петровска потсетува дека минатиот месец донесена е одлука на седница на Влада со која што се зголемува учеството на нашите припадници на мисијата на Косово.

реклама

„Всушност на тој начин, согласно тие планови и во рамките на двете мисии сме подготвени да учествуваме во дејствијата кои се во надлежност на овие мисии, а со цел се разбира да придонесеме за гарантирање на регионалниот мир и стабилност, вели Петровска.

На тој начин, како што посочи министерката, ја потврдуваме новата улога на Северна Македонија од земја корисник во земја придонесувач за регионалната безбедност.

реклама

-Добро е што нашето учество во овие мисии е само уште една потврда за скокот кој Република Северна Македонија го направи а тоа е од земја која во минатото беше препоознаена како земја на која и беше потребна помош и поддршка, како земја која денес пружа и дава помош и поддршка на земји на кои тоа им е потребно, рече министерката.

На прашањето за обуката на украинските војници во Северна Македонија, министерката потврди дека обуката е успешно завршена.

реклама

-Оваа обука беше димензионирана согласно побарувањата на украинската страна, односно за тоа каков вид на потреба имаат нивните вооружени сили. Ме радува фактот што обуката заврши успешно. Над стотина војници на украинските сили беа обучени од страна на нашите вооружени сили, од нашата Армија. Вратата е отворена и во текот на 2024 особено во почетокот на годината, ако се побара од наша страна, се разбира, позитивно ќе одговориме. Тоа е уште еден позитивен пример за тоа како ја поддржуваме Украина во она што од почетокот го најавивме, а тоа е покрај политичката поддршка и осудата на неоправданата руска инвазија врз Украина дека ќе ја помогнеме на секаков можен начин, рече Петровска.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Да се стави крај на екстремистичкото насилство на Западниот Брег за мир на Блискиот Исток

Следно

(ВИДЕО) Дивоградби на Пластичарска: ОЈО Скопје има потенцијални осомничени, но продолжува „пинг-понгот“ меѓу институциите за нивно рушење

Latest from Blog

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се

Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори
Go toTop