Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

December 23, 2025
1 min read

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен студентски дом.

 

Со оваа инвестиција, студентите добија современо уредени игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленски под, изведени според современи стандарди.

Министерот Ристовски ја истакна добрата соработка на Министерството за спорт со локалната самоуправа во реализацијата на овие инфраструктурни проекти кои овозможуваат активен и здрав живот на сите граѓани, особено на младата популација.

– Заедно со градоначалникот Лукровски го реализиравме овој проект со што значително ќе се подобри инфраструктурата на ова спортско игралиште во состав на студентскиот дом „ Гоце Делчев“. Секако , приоритет за ползување на истото, ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани. Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности – нагласи Ристовски.

Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски заеднички се согласија дека успешната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното министерство ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се работи на подобрување на севкупната спортска инфраструктурна мрежа на територијата на Општината.

Реконструкцијата на спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ е уште еден реализиран проект од програма на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел подобрување на условите за спорт, рекреација и активен начин на живот.

За подобрување на условите за универзитетскиот спорт и за студентите, Министерството за спорт ја почна и постапката за реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје што ја спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ. Реконструкцијата на салата на УКИМ треба да биде завршена во текот на наредната година и таа одново ќе биде ставена на располагање на над 4000 студенти за спроведување на наставата и за одржување на други спортски активности.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани на денот

Следно

Конте: Не можевме да посакаме подобар подарок за Божиќ

Latest from Blog

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на
Go toTop