Петровска на форум за борба против дезинформациите: Најдобар одговор на дезинформациите и лажните вести е транспарентноста и вистината

September 20, 2023
1 min read

реклама



Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи, која ја организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија.

реклама

На форумот насловен „Дезинформациите и руската агресија во Украина: закани, импликации и како да се спротивставиме на лажните и погрешни содржини во Западен Балкан со фокус на Северна Македонија“, министерката Петровска се осврна на новата реалност во која денес на европско тло една европска суверена, независна и демократска земја е конвенционално нападната, а останатите се соочени со канонада на лажни и извртени информации чија основна цел е да ја поткопаат довербата во институциите, довербата во општеството во целина и кај граѓаните да предизвикаат чувство на страв и неизвесност.

„Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи чија цел е дестабилизација на регионот и попречување  на европските и евроатлантските интеграции на државите од Западен Балкан. Дезинформациите не се само медиумски проблем, тие се и безбедносен проблем“, рече министерката.

реклама

Најдобар одговор на лажните вести и дезинформациите, порача министерката, се транспарентноста и вистината, како и зацврстувањето на демократијата, владеењето на правото и јакнењето на довербата во институциите на државата.

„Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината. Нашето општество мора да функционира како еден организам, подготвен и способен да ги одврати дезинформациите. Мора цврсто да веруваме во нашата демократија и владеењето на правото, да бидеме отворени и искрени во создавањето општество засновано на правата и одговорностите на секој поединец. Мора да продолжиме да градиме едно општество за сите и мораме да бидеме подготвени и спремни да ги прифатиме нашите различности, бидејќи тие нè прават посилни“, порача министерката.

реклама

Петровска истакна дека Министерството за одбрана е во првите редови во борбата за вистината како најтранспарентна институција во државата заедно со Владата.

Дел од форумот беа и професорот Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, професорот Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност, уредникот и новинар Васко Попетревски и Ненад Марковиќ, член на Советот за безбедност и универзитетски професор.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Делии“ ги провоцираа навивачите на Сити со „Лажен Манчестер…“, па добија одговор (ВИДЕО)

Следно

Проекција на култниот филм „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со режисерот Слободан Шијан

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop