Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

April 18, 2025
1 min read

За жал, она што досега го гледаме од текот истрагата е селективност, а со одредени политички изјави, но и дејствија е контаминирана. Од тие причини ќе треба да се направи некаква промена во правец на наоѓање и казнување на вистинските виновници за трагедијата во Кочани, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Анализа“ на телевизија 24.

„Истрагата е контаминирана најмногу со политичките изјави кои ги даваше министерот за внатрешни работи, кој ја презеде, за момент улогата на главен обвинител во државата и се разбира првиот ден од премиерот Мицковски со посочување на луѓе кои се виновни, а заштита, на пример на градоначалникот на Кочани, за кој до последно се тврдеше дека нема никаква вина, меѓутоа гледате сепак пак обвинителството и побара и судот одреди мерки на притвор за него“, рече Петровска.

Истрагата требаше да оди во обратен редослед затоа што тие што се прво виновни, најдиректно повикани, тие требаше да бидат отстранети во најмала рака од работните места, додаде таа.

„Повеќе од седум дена началниците, тие коишто сносат директна одговорност по законот за полиција беа оставени и во работните простории, беа оставени и да бидат на лице место. За што? За да ги прикриваат трагите од нивната одговорност, за да влијаат на евентуални искази? Тука е мојата реакција и тврдам дека дека ова фрла дамка на истрагата“, рече Петровска, додавајќи дека во 2024 година е реновиран објектот, а ниту една од институциите не знаела што се случува, па дури и ВМРО-ДПМНЕ во тој објект славеле изборни победи.

Според законот за полиција актуелниот началник поставен пред една година од актуелниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не си ја завршил својата работа, и сите по хиерархија надоле под него. Советничката на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврди во Кочани. Во очај жената кажа дека сте го достигнале дното во Кочани како партија, зашто не сте исполниле ништо што сте ветувале пред изборите во 2021 година, рече Петровска.

Таа додаде дека СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи бидејќи најголемиот пропуст во несреќата во Кочани е во Министерството за внатрешни работи.

„Правдата нема да ја задоволи бројка, правдата ќе ја задоволи имиња и презимиња на тие што се најодговорни и второ реформирање на целиот систем“, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Анализа“ на телевизија 24.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кос – Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан

Следно

На „Табановце“ за влез и излез се чека до 30 минути

Latest from Blog

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што

Без пчелите ќе останеме без храна, не само без мед

Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026
Go toTop