Петровска: Главен извор на финансирање на Буџетот е задолжувањето

November 16, 2024
1 min read

„Главен извор на финансирање на буџетот е задолжувањето и за само 5 месеци оваа Влада со амин и аплауз на ова парламентарно мнозинство ја задолжи државата со рекордни 1,2 милјарди евра и во план е следната да не задолжи со нови 1,5 милјарда евра“ истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, при расправата за предлог буџетот за 2025 година, во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Таа додаде дека во ова задолжување влегуваат и парите од унгарскиот кредит, кој по содржината на договорот е темпирана бомба која скапо ќе ја платиме.

Според Петровска, предлог-Буџетот за 2025 година е нереален, неразвоен, предизборен и за жал без визија.

Таа нагласи дека во предлог буџетот не може да се види ниту еден нов позначаен проект за развојот на државата, освен продолжување на проектите започнати или планирани од претходната влада.

„И исто како со промоцијата на опремата во Армијата, коридоророт кој го гради Бектел и Енка, ваучерите за инверторите, субвенциите, сега веќе намалени, проектот за поставување камери за безбеден град, реновирањето на студентските домови итн., се проекти кои се започнати од претходната влада или Влади предводени од СДСМ“, наведе Петровска.

Таа додава дека Владата предвидува раст на БДП од 3,7 отсто додека сите релевантни финансиски организации предвидуваат помал раст.

„И добро е што и платите, не доволно, и пензиите ќе се зголемуваат. Но тоа не го правите затоа што верувате во тоа, туку затоа што следната година е изборна година“, рече Петровска, додавајќи дека поткрепа на ова тврдење се изјавите на министерките за финансии и образование, кои прво велеа не за зголемување на платите, ама откако беа искарани и потсетени дека следната година ќе има локални избори, мораа да се корегиираат.

Петровска истакна дека со овој предлог е јасно уште нешто, а тоа е дека процесот на модернизација во Армијата, пред се за јакнење на одбрамбниот систем, но и за постигнување на целите на способност, ќе биде со намален интензитет, што се покажува со недоволното зголемување на буџетот на министерството за одбрана.

„Буџетот е димензиониран за да се истера изборната година и да се задоволат партиските интереси, нит развој, нит визија“, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во обраќање пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајановски: ЈПДП работи на изработка на проектна документација за обиколница

Следно

Тетово го намалува прагот на загадувањето – Касами вели дека ќе се зголеми контролата кон загадувачите

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop