Тетово го намалува прагот на загадувањето – Касами вели дека ќе се зголеми контролата кон загадувачите

November 16, 2024
1 min read

Со почетокот на грејната сезона, во Скопје но и во другите градови, како Тетово, опаѓа квалитетот на воздухот.

Деновиве загадувањето во Тетово не е на енормно ниво, туку „умерено“, меѓутоа здравствените експерти бараат итно да се преземат мерки.

Главните загадувачи се веќе познати,  греењето со дрва и автомобилите, вели Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами апелира да се користи јавен превоз, притоа предупредувајќи дека ќе се преземаат мерки со зголемување на проверките на стопанствениците и семејствата кои користат горива за греење кои го загадуваат воздухот.

„Наредните денови ќе се направи акциски  план за контрола на загадувачите на воздухот, секако дека ќе ги зголемат контролите во бизнисите но и во домаќинствата кои во одредени периоди можат да користат горива за греење кои можат во голема мера да го загадат воздухот. А во овие случаи ќе се преземат мерки“, вели Биљал Касами.

Во текот на 15-те дена во ноември, 7 дена воздухот во Тетово бил над дозволеното ниво на загаденост.

Мерачот за квалитет на воздухот моментално се наоѓа на периферијата на Тетово, што значи дека податоците за квалитетот на воздухот во градот не се прецизни.

Се стравува  дека во декември, јануари и февруари загаденоста ќе биде висока, како што се случуваше во последните години, поради  маглата и начинот на греење на граѓаните.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Петровска: Главен извор на финансирање на Буџетот е задолжувањето

Следно

Одбележан Меѓународниот ден на толеранцијата

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop