Петровска до Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

August 11, 2023
1 min read

реклама



„Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, по прашање да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години.

Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

реклама

„Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја“, вели Петровска.

Таа додава дека „во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“.

реклама

Во однос на изјавата на градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, дека Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители, вели дека и е драго што го охрабрила градоначалникот на Бутел после две години од неговиот мандат да „започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема“.

„Деновиве се воздржував од коментари на се што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства. Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, вели Петровска.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инаугурирана улицата „Адем Демачи“ во Скопје

Следно

Курти во Тетово, пречекан од Касами: Што побрзо да започнат работите за патот Тетово – Призрен

Latest from Blog

Официјален Техеран се дистанцира од новата рунда преговори со САД

 Откако американската морнарица отвори оган и заплени ирански товарен брод, од Иранското министерство за надворешни работи сметаат дека Вашингтон покажал несериозност да води било каков дипломатски процес и рекоа дека засега немаат

Берзата денес со промет од над 7,2 милиони денари: раст на МБИ10, најактивни банкарските акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 20.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.917,92 поени и забележа раст од 0,48%, односно 47,59 поени, додека

Се сменија квотите на обложувалниците: Сега Манчестер Сити е прв фаворит за титулата

фото: Manchester City (X) По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен
Go toTop