Инаугурирана улицата „Адем Демачи“ во Скопје

1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Општина Чаир во Скопје свечено беше инаугурирана улицата „Адем Демачи“ со учество на разни личности, јавува Анадолу.

По повод свечената инаугурација на улицата која го носи името на борецот за правата на Албанците од Косово, Адем Демачи, познат со прекарот „Мандела на Балканот“, беше организиран настан.

На настанот присуствуваа премиерот на Косово, Албин Курти, градоначалникот на општина Чаири, Висар Ганиу, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, пратениците во Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, Изет Меџити, заменик-шефот на мисијата на Косово во Северна Македонија, Приндон Садриу, внуката на Демачи, Фиторе Шахини, други поканети гости и жители на Скопје.

Косовскиот премиер Курти, во рамки на останатите средби, ќе ја посети и општина Тетово, каде што ќе се сретне со градоначалникот Касами, и каде потоа заедно ќе го пуштат во употреба патот што ги поврзува тетовските села Вејце и Селце.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Претходно

Опасностите на добрите намери

Следно

Петровска до Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

Latest from Blog