Курти во Тетово, пречекан од Касами: Што побрзо да започнат работите за патот Тетово – Призрен

August 11, 2023
1 min read

реклама



По Чаир, премиерот на Косово отпатува во Тетово каде беше пречекан од градоначалникот Биљал Касами. Потоа го посетија селото Вejце за промовирање на идејата за поврзување на Тетово со Призрен со регионален пат. Касами посака и  владата на РСМ да се заземе за овој проект за кој рече дека има физибилити студија а додаде дека ниту локалната власт нема да седи со скрстени раце.

Курти потсети дека делницата која ги поврзува двата града е договор потпишан од двете влади, на Косово и Македонија, затоа побара работите да почнат што побрзо. И овде присутни беа претседателот на Демпкратското движење Изет Меџити и на Алтернатива, Африм Гаши. Лидерите на други партии и други владини функционери не беа присутни. На крај не беа дозволени прашања за новинарите.

реклама

Делницата која го поврзува Призрен со Тетово е договор меѓу нашите влади од заедничката средба, потпишан од двајцата премиери, од мене и мојот македонски колега Ковачевсли, затоа посакуваме оваа физибилити студија да се збогати поскоро со работа и реализација  на овој проект кој е’регионален  и помага за развој на двете земји“, вели Албин Курти.

„Ние како локална власт  нема да седиме со скрстени раце, ќе ја завршиме нашата работа  и ќе придонесеме за развој на овој планински дел од Шара и негов развој  и оваа делница да стане важен дел во поврзувањето меѓу Косово и РСМ, односно Тетово и Призрен. Посакуваме и владата на РСМ  да се посвети во правец на реализација  на патот Тетово-Призрен“, вели Биљал Касами.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска до Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

Следно

СКОПСКО постави пловни препреки на Сатеска и Даљан во рамки на платформата за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност“

Latest from Blog

Трамп со предупредување до Иран -часовникот отчукува, додека мировните преговори не напредуваат

„Подобро да се движат, брзо, или нема да остане ништо од нив“, напиша тој на својата платформа Truth Social. Пораката дојде додека претседателот разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата, објави „Тајмс

Во Скопје денеска втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

За денеска попладне во Скопје е закажан втор протест на студентите Албанци, кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Студентите добија поддршка од политички претставници од

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop