Петмина загинати откако „Деби“ го погоди југоистокот на САД

August 6, 2024
1 min read

Најмалку пет лица загинаа откако ураганот Деби удри во Флорида, пред да ослабне во тропска бура. Деби се очекува да предизвика големи поплави во делови од Џорџија и Каролина во наредните денови, јави Би-Би-Си.

Националниот центар за урагани предупреди на „животозагрозувачка“ закана од поплави поради „бавнодвижечката бура“ која носи „обилни врнежи“.

Деби удри вчера наутро како ураган од категорија 1 во регионот Биг Бенд на Флоридскиот Заливски брег. Властите соопштија дека меѓу загинатите има и 13-годишно момче кое беше убиено кога дрво падна врз мобилен дом во Леви Каунти, во близина на Гејнсвил. Во округот Хилсборо, во близина на Тампа, 18-тонски камион излета во канал за време на бурата. Возачот беше пронајден мртов. Во округот Дикси, западно од Гејнсвил, беше соопштено дека жена и 12-годишно дете загинаа кога нивниот автомобил се судри во неделата вечер. Во јужна Џорџија беше пријавена уште една смрт – 19-годишно момче – откако големо дрво падна врз верандата на дом во Мултри, според локалните медиуми.

„Бавното движење на бурата може да предизвика катастрофални поплави“, изјави заменик-директорот на центарот за урагани, Џејми Ром.

Брановите и силните ветришта на Деби помогнаа да се извадат на брег 25 пакети кокаин, вредни повеќе од еден милион долари, во Флорида Кис, според американската гранична патрола.

Во Флорида, синоќа околу 150.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија, според PowerOutage.com. Исто така, уште 36.000 жители во Џорџија и Јужна Каролина беа без струја.

Се предвидува дека бурата ќе го зафати брегот, носејќи врнежи на југоистокот на Џорџија и Каролина во текот на денешниот и утрешниот ден, пред да се придвижи кон внатрешноста на Јужна Каролина в четврток. Пред бурата да удри, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, прогласи вонредна состојба за 61 од 67 окрузи во Флорида.

Метеоролозите предвидуваат дека оваа сезона на урагани, која трае од 1 јуни до 30 ноември, ќе биде интензивна.

Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) соопшти дека може да има до 25 именувани бури во 2024 година. Од нив, помеѓу осум и 13 бури може да се развијат во урагани.

Деби беше четвртата именувана бура годинава. Се смета дека климатските промени ги прават поверојатни бавните урагани како овој.
Како што светот се загрева нерамномерно, ова предизвикува промени во атмосферските циркулации што ги насочуваат бурите низ целата планета.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија загрижена поради ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток

Следно

Почина новинарот Саше Димовски

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop