Почина новинарот Саше Димовски

August 6, 2024
1 min read

На 47 годишна возраст по повеќегодишни компликации со здравјето, почина новинарот Саше Димовски. Во новинарската фела, припаѓаше на неформалната групација која следи судство, цел работен век.Владеењето на правото во државава, имаше силен сојузник во Саше Димовски, со години низ многу електронски и пишани медиуми и неговиот  портал ,,Сведок”, објавувајќи и информирајќи за состојбите во правосудството, за корупцијата во овие редови, за наместени судења за политички и бизнис влијанија.

Само пред неколку дена беше избран за член на Комисијата за помилување на претседателката Гордана Силјановска Давкова, а беше и дел од Советот на честа при ЗНМ.. секаде каде што требаше да се покаже професионализам, етика и еснафство.

Почивај во мир Саше Димовски, што и да се напише за тебе и за твојата работа и придонес за јакнење на професионалното новинарство и бескрупулозноста кога е во прашање вистината и објективното информирање, ќе биде премалку.

Владеењето на правото ,,изгуби” верен борец  новинарството вреден и посветен колега од кој можеше да се научи многу.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петмина загинати откако „Деби“ го погоди југоистокот на САД

Следно

Зделките на Дмитриј Патрушев, можниот наследник на Путин

Latest from Blog

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop