Пет пациенти од пожарот во Кочани денеска се вратија дома по лекувањето во странство

March 26, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку „Фејсбук“ објави дека денеска во земјава се вратени пет пациенти кои се лекуваа надвор од државата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Еден од пациентите се лекуваше во Грција, а четворица во Шпанија. Тие беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје.

– Еден од нив пристигна од Атина, а четворица беа транспортирани од Мадрид. Тие се вратија во добра здравствена состојба, по одличната медицинска грижа која ја добија во Шпанија и Грција, за што искрено изразуваме благодарност. Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува целосно активен и продолжува да го координира процесот на репатријација на повредените пациенти, како и поддршката за нивните семејства, се наведува во објавата.

Во текот на утрешниот ден, според најавите на надлежните, се очекува во земјава да пристигнат уште пациенти кои беа испратени на лекување во странство по пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени. 

Вчера во земјава се врати и пациент кој беше лекуван во соседна Србија. 

Како што информираше  министерот за здравство Арбен Таравари, четворицата пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калин Ивановски се пласира во осминафинале на турнирот во Опатија

Следно

Албанија преговара со пет странски компании за производство на артилерија и борбени дронови

Latest from Blog

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата
Go toTop