Пет години од референдумот за прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција

September 30, 2023
1 min read

реклама

На денешен ден 30. септември во 2018 година се одржа референдум со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Одлуката на референдумот не беше усвоена, поради тоа што не гласаа повеќе од половината граѓани запишани на избирачкиот список.

реклама

Од вкупно 1.806.336, на референдумот излегоа 666.743 граѓани, од кои 609.813 гласаа „ЗА“, а 37.700 гласаа „ПРОТИВ“, додека 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки.

Владината коалиција тогаш предводена од Зоран Заев го поддржа референдумот. Многумина функционери, амбасадори и ЕУ водачи дадоа поддршка за референдумот. Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот. Лидерот Хриситјан Мицкоски само неколку дена пред референдумот излезе со изјава во која кажа граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува мислењата.

реклама

Тогашниот претседател Ѓорге Иванов го осуди договорот и ги повика сонародниците да го бојкотираат референдумот.

Договорот од Преспа меѓу Грција и Бугарија беше потпишан на 12. јуни 2018 година за промена на името на државата во „Северна Македонија“ и решавање на повеќедецинискиот спор со името. Откако не успеа референдумот, се собра 2/3 мнозинство во парламентот за уставни измени и промена на името.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елон Маск го потврди доаѓањето на ТЕХНОФЕСТ 2024, најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија

Следно

Русија тврди дека спречила украински напад врз Белгородската Област

Latest from Blog

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел
Go toTop