Елон Маск го потврди доаѓањето на ТЕХНОФЕСТ 2024, најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија

September 30, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Извршниот директор на Тесла и Спејс Икс, Елон Маск, синоќа соопшти дека следната година ќе присуствува на најголемиот технолошки и авијациски настан во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, јавува Анадолу.

Заблагодарувајќи му се на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за поканата, Илон Маск се огласи преку платформата X: „Со нетрпение очекувам лично да присуствувам следната година, како и да разговараме за понатамошните можности за инвестирање во Туркије“.

„Честитки до сите тимови кои се натпреваруваат на ТЕХНОФЕСТ“, напиша Маск, споделувајќи видео од настанот.

Потоа Ердоган одговори со уште една објава на Х: „Почитуван Елон Маск, би ни било задоволство да ве видиме на ТЕХНОФЕСТ следната година, најголемиот светски фестивал за авијацијата, вселената и технологијата.“

„Верувам дека ќе дадеме голем придонес за нашата земја и за човештвото во многу области преку партнерства со вин-вин пристап…“, рече Ердоган.

Турскиот претседател минатата недела се состана со Маск во Центарот „Туркеви“ во Њујорк на маргините на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кога го покани да присуствува на ТЕХНОФЕСТ во Туркије, како и да ја основа својата седма фабрика на Тесла во Туркије.

Третото издание на ТЕХНОФЕСТ 2023 започна во средата во турската област Измир. Петдневниот фестивал кој се одржува на аеродромот „Чигли“ во Измир вклучува натпревари, авиошоуа, презентации и работилници.

Настанот претходно се одржуваше во различни турски градови во парните години, а во метрополата Истанбул во непарните години. По повод 100-годишнината од основањето на Република Туркије, оваа година настанот се одржа во три различни турски области.

Првото издание на настанот оваа година се одржа на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во мај, каде што беше постигнат светски рекорд од 2,2 милиони посетители. Вториот ТЕХНОФЕСТ годинава се одржа од 30 август до 3 септември во главниот град Анкара, привлекувајќи речиси 1 милион луѓе.

Агенција Анадолу е глобален комнуникациски партнер на настанот од неговото прво издание.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: САД предупредуваат на можни мерки против Белград поради судирите во Косово

Следно

Пет години од референдумот за прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop