Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

March 18, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со спецификите на активноста, со развојот на клубот и со нивните досегашни подводни истражувања, презентирајќи дел од својата импресивна видео-архива. Ја истакнаа плодната меѓународна соработка со врвни нуркачи и експерти, како значаен предуслов за постигнување значајни резултати. Особено внимание беше посветено на неодамнешната експедиција во пештерата Врело, каде полскиот нуркач Бартломиеј Питала ја доистражи до рекордни 287 метри, со што ова природно богатство се вбројува меѓу најдлабоките подводни пештери истражени од човек, не само во Европа, туку и на светско ниво.

Соговорниците се согласија дека Врело е едно од најуникатните природни богатства, а Сиљановска-Давкова укажа на потребата од негова соодветна заштита и промоција како ретка туристичка атракција.

Во разговорот беа отворени прашања поврзани со претстојните експедиции, при што спелеонуркачите посочија на предизвиците со кои се соочуваат, особено во однос на техничките претпоставки, сложената организација и потребата од континуирана институционална и финансиска поддршка.

Претседателката изрази восхит од нивната љубопитност, храброст и посветеност, оценувајќи дека тие не се само истражувачи на непознатите длабочини, туку и луѓе кои ги поместуваат границите на човечките можности. Според неа, ваквите успешни приказни заслужуваат поголемо внимание, афирмација и поддршка, како пример за истрајност, висока стручност и одговорен однос кон македонските бесценети природни богатства.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзата со промет од 19,36 милиони денари: ТТК банка и НЛБ во плус, Алкалоид во пад

Следно

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop