Пендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот да се справи со криминалот

September 4, 2023
1 min read

Претседателот повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата преземена од МВР и Обвинителството и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето

Фрапантни и згрозувачки – вака шефот на државата Стево Пендаровски ги оцени низата наводи за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак на Клиниката на онкологија кои деновиве ја брануваа јавноста, а за кои МВР и Обвинителството отворија предистрага.

Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија, Фото: МИА

Во писмената реакција, која е објавена денеска на веб-страницата на претседателот, Пендаровски вели дека е крајно време наместо декларативно системот да потврди дека може да се справи и во пракса со тешките облици на организиран криминал и корупција и да се прекине културата на неказнивост и прекршување на законите.

„Никогаш нема да бидеме вистинско европско општество со одолговлекување на судските постапки и отсуство на лична одговорност. За здраво општество ни треба правна држава во пракса, не на хартија“,

пишува Пендаровски во реакцијата.

Претседателот повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата преземена од МВР и од Обвинителството и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.

„Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им даде целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент“,

се додава во реакцијата на шефот на државата.

Додава оти го разбира гневот на граѓаните кои денеска повикаа на протест барајќи одговорност од актуелни и поранешни министри и заменик-министри за здравство, како и од актуелната и ексдиректорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), но од поранешниот организациски директор на Клиниката.

За денеска е најавен протест, но имиња на организаторите не се наведени, а во делот како организатор на настанот е наведена фејсбук-страница со име „Протест против убиството на онкологија“ која на социјалните мрежи е активна од вчера. Почетокот е закажан во 18 часот пред Владата, од каде што се предвидува демонстрантите да се упатат кон Министерството за здравство.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект

Следно

Финска: Над 10.000 лица се собраа да протестираат против расизмот и владината политика

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop