Пендаровски: Измените во КЗ не го враќаат Груевски – Мицкоски не обелоденува што содржи УСБ што им ги доставил на Џафери и Ахмети

September 23, 2023
1 min read

реклама



Измените на Кривичниот законик не му овозможуваат на Никола Груевски враќање во земјава, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Сепак тој и не може да потврди дека со измените на Кривичниот закон е можно Груевски доколку се врати во државата, повторно да се најде пред правдата, тоа, вели Пендаровски е работа на правосудството.

„Не е амнестија. Видете, ако е тоа амнестија, еве да логицираме како обични граѓани, ако тоа беше амнестија Груевски ќе беше денеска во Македонија. Груевски не е во Македонија. Со последните измени на Кривичниот законик Никола Груевски нема да се врати во Македонија. Тврдам. Досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати тоа е сигурно“, вели Стево Пендаровски.

реклама

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера рече дека за ситуацијата со Груевски на претседателот на Собранието Талат Џафери и на првиот човек на ДУИ Али Ахмети им биле дадени пликоа со УСБ во кое како што тврдеше имало доказ за оската меѓу СДСМ, ДУИ и Груевски. Мицкоски денеска не сакаше да обелодени за што станува збор.

„Ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ на тоа плико и каков документ има во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тие добиле два од трите документи“, порача Христијан Мицкоски.

реклама

„Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“„Единствените разговори за Кривичниот законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДУИ.

Со реакции за измените на Кривичниот законик се јавија и од албанската опозиција. Потпретседателот на Алтернатива Адмирим Алити пренесувајќи го ставот на партиите на Албанците во опозиција пред седиштето на Канцеларијата на Европската унија во Скопје вели дека ги поддржуваат изјавите на Европската унија за измените на овој закон околу користењето на европското знаменце а и ризикот што ги носат измените од пораст на неказнивоста. Притоа Алити се задржа и на изјавата на Ахмети во однос на овој закон. .

реклама

„Како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема“, порача Адмирим Алити.

Од албанската опозиција уште додаваат и дека и покрај негативните реакции на ЕУ за измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека тие се неопходни за реформи во правосудството.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Сити реди победи во Премиерлигата, Фоден и Халанд донесоа три бода против Нотингем форест (ВИДЕО)

Следно

Улицата во Палатица и натаму уништена – Сејдиу: Ќе асфалтираме 5 улици вклучувајќи ја и Палатица

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го
Go toTop