Улицата во Палатица и натаму уништена – Сејдиу: Ќе асфалтираме 5 улици вклучувајќи ја и Палатица

September 23, 2023
1 min read

реклама



Патот во селото Палатица и натаму е уништен, иако општина Желино вети дека неговата изградба ќе започне во септември. Претседателот на месната заедница на село Палатица вели дека имале ветувања, но работите не се ни почнати.

„Во моментов никакво поместување на работите за улицата. Ни беше ветено дека во септември ќе почнат работите, но ништо не е помрднато. Постојниот пат е во катастрофална состојба, со дупки. Јас минатиот пат кажав дека овој пат може да се санира ако некој сака да го поправи, но не се санира, ниту пак ги започнале работите. Слушаме дека има и политички проблеми, некој дозволува, а некој спречува, но тоа се гласини“, вели Беќир Велиу.

реклама

Градоначалникот на општината Блерим Сејдиу вели дека општина Желино добила пет проекти од Светска банка и годинава ќе почне изградбата на патот Палатица-Озормиште и уште еден пат во селото Капаждол.

„Тоа е проект што го добивме од Светска банка, а во тој проектен пакет се вклучени пет патишта: Палатица-Озормиште, Палатица-Желино, Палатица-Требош, Желино-Капаждолл и требаше да почекаме малку со прераспределбата на средствата поради короната, бидејќи во 2020 година склучивме договор и со Министерството за транспорт и врски. Добрата вест е што оваа година ќе започнеме со овие проекти. Сите процедури се завршени од општина Желино и Министерството за транспорт. Со проценка на Светска банка, многу брзо ќе започнеме со патот Палатица Озормиште, кој го оценивме како пат што треба што поскоро да биде започнат“, порача Блерим Сејдиу.

реклама

Селото Палатица во општина Желино има околу 5.000 жители. Според жителите, на овој патен правец не е  интервенирано 25 години, додека единствените интервенции што се направени се од самите жители.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Измените во КЗ не го враќаат Груевски – Мицкоски не обелоденува што содржи УСБ што им ги доставил на Џафери и Ахмети

Следно

Пораз на Јувентус кај Сасуоло (ВИДЕО)

Latest from Blog

Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

Македонија, Бугарија и Албанија имаат значајна геостратешка положба во развојот на паневропската транспортна инфраструктура, која треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки од Црното до Јадранското Море, а потоа и

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.
Go toTop