Пекинг: Американските балони го нарушија кинескиот воздушен простор десетина пати од почетокот на минатата година

February 13, 2023
1 min read

Кина денеска соопшти дека американските балони го нарушиле нејзиниот воздушен простор десетина пати од почетокот на 2022 година, објавувајќи ја оваа информација во време на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон откако кинески балон прелета над територијата на САД.

На почетокот на февруари, американската војска собори кинески балон за кој Пентагон рече дека е шпионски и дека имал намера да собира чувствителни податоци. Кина го осуди инцидентот, велејќи дека се работи за цивилен авион кој го сменил курсот.

Од тој инцидент, неколку летечки објекти се забележани над Канада и САД, пред да бидат соборени. Засега не е познато што се тие летечки објекти и од каде потекнуваат.

Запрашан за ова, портпаролот на кинеската дипломатија денеска изјави дека американски балони летале над нејзиниот воздушен простор. „Само од минатата година, американските балони летаа над Кина повеќе од десет пати без никакво одобрение“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тој не даде детали за инцидентите, апелирајќи до новинарите да се обратат на „американската страна“. Нагласи дека Пекинг се справувал со овие упади на „одговорен и професионален начин“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сега и Кина тврди дека американски балони го прелетувале нејзиниот воздушен простор

Следно

РКЕ со нова одлука – ова се новите цени на горивата

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop