Пациент од Велес хоспитализиран – трет случај на конго кримска хеморагична треска

August 14, 2023
1 min read

реклама



Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бо Скопје  и е во стабилна општа состојба.

Според информациите пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично е примен во Општата болница во Велес.

реклама

Што се однесува до вработената на инфективната клиника, која претходно беше инфицирана, таа е во стабилна состојба, опоравувањето е во тек и докторите повеќе не очекуваат компликации.

Новиот суспектен пациент на клиниката е донесен во саботата вечер.

реклама

Ја добил потребната терапија, во моментов неговата состојба е стабилна, но внимателно се следи. Според првичните информации, најверојатно пациентот од Велес се заразил од каснување од крлеж додека рибарел.

„Значи, конго-кримската го пренесува крлеж. Тоа е едно. Конго-кримската може да биде пренесена и од консумирање на несодветно или нетретирано млеко, месо, заразени животни. Најчесто се пренесува на луѓе кои се професионално оптеретени. Здравствеји работници, сточарите, риболовците, ловџиите, со директно каснување од инсекти. Оние кои ги колат и обработуваат месните производи од евентуално заразени животни“, вели Милена Стевановска.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Јунајтед во септември ќе одлучува за иднината на Гринвуд

Следно

ВИДЕО: Салах бесен го напушти теренот, фудбалската легенда му порача „Замолчи и седи“

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop